Доколку сакате да направите замена, вашето старо возило донесете го во нашиот салон за да го провериме на лице место. Прв услов е возилото да не е удирано, префарбувано, километрите да не се враќани и да не е постаро од 2015 година.
Откако ќе го донесете вашето старо возило во нашиот салон, ние ќе го прегледаме и ќе ја утврдиме неговата вредност врз основа на староста, состојбата, километражата и пазарната вредност.
Доколку вашето возило ги исполнува критериумите, ќе добиете понуда за тоа уште колку треба да доплатите за автомобилот кој вие ќе го одберете од нашиот асортиман.
Ќе ви ги објасниме сите опции и ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор со тоа што ќе се одлучите за најповолниот начин на плаќање според вашиот буџет.
Откако ќе ги уредиме односите и ќе ја потпишеме и завршиме целата документација, можете да го преземете вашето возило.
Бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор – 2B Exclusive!