Вашето идеално возило го добивате на лесен, едноставен и поволен начин. Купувањето автомобил на лизинг е одлична можност да уживате во нов автомобил, а да ги избегнете големите првични трошоци.
Како тече постапката?
- Изберете возило кое најмногу одговара на вашите потреби и желби, а ние пред преземањето ќе ви овозможиме детален преглед на карактеристиките и функциите на автомобилот за безгрижно користење уште од истиот момент.
- Соработката со повеќе финансиски субјекти овозможува да ја добиете најдобрата понуда за вас. Ќе имате можност да ги споредите понудите, вклучувајќи ги каматната стапка и времетраењето на договорот.
- Нашиот тим ќе ви помогне во процесот на аплицирање, сите потребни документи ќе ги доставиме до соодветните институции.
- Откако вашата апликација ќе биде одобрена, ќе го подготвиме договорот во кој прецизно ќе бидат наведени сите детали за месечните рати, времетраењето на договорот и другите важни услови.
- Кога ќе го потпишете договорот и ќе ја уплатите првата рата, вашето возило ќе биде слободно за преземање.
Во текот на лизингот плаќате месечни рати според договорените услови. Плаќањето може да се прилагоди според вашите можности и потреби. Една од опциите е да одредите фиксен дел за учество кој ќе го платите веднаш, а останатата сума да ја плаќате на определен број рати.
На крајот на лизинг-периодот имате можност да го вратите возилото и да изберете ново на лизинг, да купите возило по останатата договорена вредност или да го продолжите договорот за лизинг.
Едноставно и лесно, со поддршка од нашиот тим за задоволување на вашите потреби и желби!